[ВИДЕО] Никол Кидман (57) се соблече! Градите во преден план, тело како дваесетгодишна девојка

Точка

30/04/2025

22:06

1.327

Големина на фонт

а а а

Холивудската дива Никол Кидман (57) ги запали социјалните мрежи со провокативно видео снимено во Франција!

Во трико што ја открива целата нејзина грациозност, славната актерка гордо ја покажа својата витка фигура и неверојатно долгите нозе – како вистинска балерина.

Снименото видео изгледа како сцена од уметнички филм, а Никол покрај него напиша: „Со љубов од Франција“.

Додека танцува на новиот хит на пејачката Лорде – "What Was That“, кој многумина веќе го прогласуваат за хит на летото, Кидман плени со харизма и елеганција што ретко се среќава.

Со ова, актерката ги потсети обожавателите на деновите кога посетувала часови по балет, што, како што самата тврди, е и тајната на нејзината беспрекорна линија.

Сепак, и покрај бројните пофалби за изгледот, дел од публиката смета дека е премногу слаба – што повторно отвори дебата на социјалните мрежи.