Американскиот претседател Доналд Трамп ги покани „Филаделфија Иглс“ во Белата куќа, каде што играчите ја прославија својата победа на овогодишниот Супербоул.
За време на прославата, Трамп повторно се пошегувал на сметка на Тејлор Свифт и фактот дека тимот на нејзиното момче, „Канзас Сити Чифс“, загубил.
„Натпреварот беше неверојатен, уште од првата четвртина. Бев таму, го гледав натпреварот во живо. Бев на стадионот заедно со Тејлор Свифт, како заврши тоа?“ рече Трамп за време на својот говор, предизвикувајќи смеа кај публиката.
Не е прв пат да ја прозове поради натпревар
Потсетуваме, ова не е прв пат Трамп да ја прозове пејачката поради Супербоул. Во еден миг, нејзиното лице се појави на големиот екран, на што публиката реагираше со гласни свирежи. Тејлор наводно само се насмеала на тоа и продолжила да го гледа натпреварот, а Трамп ја прозвал на социјалните мрежи.
Тој објави видео во кое ги споредува овациите што тој ги добил кога се појавил на Супербоул со исвиркувањата кои ја пречекале Свифт. „Трамп добива громогласни овации на Супербоул, додека Тејлор Свифт е исвиркана. Светот закрепнува“, пишуваше во објавата.
После тоа, американскиот претседател ѝ посвети уште една објава на неговата платформа „Truth Social“. „Единствената која имаше полоша вечер од Канзас Сити Чифс е Тејлор Свифт. Ја исвиркаа од стадионот. MAGA пмногу тешко простува!“ напиша Трамп. Со тоа, тој навести дека неговите поддржувачи стојат зад исвиркувањата.