Ребел Вилсон се откажа од благо – еве колку килограми симна

Точка

29/04/2025

20:04

1.262

Големина на фонт

а а а

Австралиската актерка Ребел Вилсон, која во 2021 година ослабе повеќе од 36 килограми, повторно е во фокусот – овојпат поради нејзините здрави навики. Како што пренесува "Daily Mail Online", по велигденското уживање во чоколадо, актерката решила целосно да се откаже од слатки.

На својот "Instagram" профил, каде што ја следат над 11 милиони луѓе, Ребел започна шестнеделен предизвик, повикувајќи ги фановите да ѝ се придружат. Целта на предизвикот е да се откажат од една до три работи во кои се претерувало за време на празниците (за неа тоа биле чоколадото и сладоледот), и наместо тоа да се направи нешто позитивно за менталното и физичкото здравје.

Актерката отворено зборуваше за првите денови од новиот режим.


„Првите денови без чоколадо и сладолед беа тешки – толку многу ми се јадеа. Но, не попуштив“, напиша Ребел на "Instagram".

Предизвикот веќе дава резултати.

„Изгубив еден килограм за една недела, што иако не е главната цел на предизвикот, покажува колку влијае избегнувањето на слатки врз телесната тежина“, објасни таа.


Ребел значително ослабе за време на нејзината „година на здравјето“ во 2021 година. Подоцна призна дека користела и медикаменти за слабеење, како што е "Ozempic". Најголемата мотивација за трансформацијата ѝ дошла од желбата да стане мајка. За време на консултациите за плодност, лекарот ѝ кажал дека ќе има поголеми шанси ако живее поздраво и ослабе.