Исчезна светски шампион (35) во Лас Вегас: Ова е неговата последна снимка, еден детаљ буди загриженост

Точка

28/04/2025

22:41

833

Големина на фонт

а а а

Познатиот британски параолимпиец Семјуел Радок исчезна во САД.

Британскиот параолимпиец Семјуел Радок (35) исчезна во Америка. Од него нема трага откако отпатувал во Лас Вегас за да присуствува на "Wrestlemania 41“. „Никогаш не се одјави од својот хостел, а требаше тоа да го стори на 15 април. Зад себе оставил лични работи“, изјавила неговата мајка за „Las Vegas Review-Journal“.

Радок има церебрална парализа и отпатувал од Велика Британија кон САД на 13 април, за да ужива на боречкиот спектакл што се одржуваше на 19 и 20 април. Последен пат се огласил на 16 април на Инстаграм, каде објавил видео на кое се гледа како се вози на совозачкото место во кабриолет, заедно со сопатник за кој рекол дека се вика „Стиви“, за кого потоа нема дополнителни информации.

На крајот од видеото, „Стиви“ го оставил пред една продавница. Снимката е објавена во медиумите.


„Апсолутно знам дека беше таму“

„Отпатаува на 13 април, добив потврда дека безбедно слетал и апсолутно знам дека бил во Вегас. Загрижувачки е што од 16 април нема никакви информации за него, а тоа веднаш се забележа, бидејќи обично е многу активен на социјалните мрежи“, изјавила неговата пријателка Луси Ерл за „Guardian“.

Мајката на исчезнатиот параолимпиец истакнала дека Радок наводно испраќал пораки до пријатели пред да исчезне, во кои барал финансиска помош. „Тој е многу несигурен на нозете и се движи со потешкотии. Многу лесно може да биде повреден“, изјавила таа за новинарите од Лас Вегас.

Радок е познат параолимпиец кој донесе медали за Велика Британија во велосипедизам во 2022 и 2023 година.