Двократен грен-слем победник прифатил анти-допинг спогодба со 18-месечна суспензија

Дерби

29/04/2025

12:20

157

Големина на фонт

а а а

Меѓународната агенција за интегритет на тенисот денеска објави дека тенисерот Макс Пурсел прифатил спогодба со која ќе заработи 18-месечна суспензија.

Причина е фактот што австралискиот тенисер ги прекршил анти-допинг правилата, користејќи количина интравенозна инфузија која ги надминува пропишаните норми.

Пурсел освои две грен-слем титули во игра на двојки, но сега ќе оди на принудна пауза до 11. јуни следната година, откако во суспензијата му е пресметана и досегашната пауза. Тенисерот ќе ги загуби и освоените поени и заработените пари во периодот од првиот прекршок до првиот негативен тест.

Според правилата, тенисерот не смее да прими инфузија во поголема количина од 100 милилитри во период од 12 часа, додека Пурсел добил 500 милилитри витаминска инфузија на 16 и 20 декември, 2023 година.

Од агенцијата потенцираат дека тенисерот не користел недозволена супстанца и не се работи за класичен допинг, но сепак биле прекршени правилата од Меѓународната анти-допинг комисија.