Лос Анџелес Лејкерс се наоѓа пред елиминација во НБА плејофот, откако франшизата од Ел-Еј успеа да испушти голема предност на второто гостувањето во Минесоата.
„Езерџиите“ предводени од Лука Дончиќ создадоа двоцифрена предност и со таква позитива влегоа во последната четвртина, но разликата од 10 поени брзо почна да се топи, а на крајот беше и целосно поништена од расположените домаќини.
Тренерот Редик одлучи цело второ полувреме да го одигра со иста петорка и главните играчи останаа без енергија во клучните моменти, па така во одлучувачки фактор се претвори Едвардс.
Минесота направи пресврт во последната минута и се избори за важна победа од 116:113, а трагичар на крајот беше Ривс кој не реализираше отворена тројка за продолженија.
Едвардс со 43 поени, 9 скокови и 6 асистенции беше прво име на теренот, додека еден од трагичарите беше Леброн Џејмс кој го направи клучниот фаул над ѕвездата на Минесота при резултат 114:113.
„Кралот“ го заврши мечот со 27 поени зад своето име, Лука Дончиќ уфрли 38, но напаѓачкиот учинок на двајцата дефинитивно е во втор план бидејќи Лејкерс сега губи 3:1 во серијата со Минесота.
Покрај Минесота, до трети победи дојдоа и Бостон и Индијана, кои на гости славеа над Орландо и Милвоки (107:98 и 129:103).