Еден член на екипажот објаснил кои парчиња облека се несоодветни за лет.
Летото е пред вратата, што значи дека наскоро ќе преминеме на лесни фустани и шорцеви. Сепак, изборот на шорцеви или кратки фустани за лет со авион може да биде грешка, предупредува стјуардот.
Избегнувајте кратки фустани и шорцеви при летање
Томи Кимато, стјуард, ги предупреди патниците да избегнуваат откривање на нозете за време на летовите, објави „Дејли мејл“.
„Никогаш не знаете колку е чисто седиштето. Ако носите панталони, ќе бидете помалку изложени на бактерии“, објасни Томи.
Тој додаде дека шорцевите не се единственото парче облека што треба да се избегнува во авион. Сандалите, апостолките и чевлите со високи потпетици исто така не се препорачливи за летање.
Непогодни обувки можат да ја загрозат безбедноста
Стјуардесата на „Американ Ерлајнс“, Андреа Фисбах, претходно истакна дека ваквите обувки можат да ја загрозат безбедноста на патниците во случај на несреќа.
„Навистина би советувала да се избегнуваат високи потпетици, апостолки и какви било сандали, главно од безбедносни причини. Ако дојде до евакуација и е потребно користење на лизгачка површина за напуштање на авионот, високите потпетици мора да се соблечат бидејќи можат да ја оштетат површината“, објасни таа.
Авиокомпаниите обично ги предупредуваат патниците дека на почетокот на летот мора да ги соблечат чевлите со потпетици, бидејќи во спротивно нема да можат безбедно да ја користат лизгачката патека при евакуација.
Никогаш боси во авион
Друг експерт предупредил дека патниците не треба да ги соблекуваат чевлите за време на летот.
„Ако бегате од авион, подот може да биде топол или ладен, можеби покриен со масло, може да гори или да мора да чекорите низ нерамен терен, како поле со пченка. Не сакате да бидете боси во таква ситуација“, објасни тој.
Освен од безбедносни причини, патниците ризикуваат да ги изложат своите стапала на нечистотија од подот на авионот.