Бразил повторно притиска да го добие потписот на Анчелоти

Дерби

25/04/2025

12:46

319

Големина на фонт

а а а

Карло Анчелоти е под притисок во Реал Мадрид и постои можност оваа сезона да биде негова последна на „Бернабеу“ без разлика на тоа што има активен договор до 2026 година.

Многу работи ќе зависат од тоа што „кралевите“ ќе направат во финалето на Купот на Шпанија и трката за пехарот во Ла Лига, но бразилската федерација веќе „намира крв“ и одново притиска да го добие потписот на Анчелоти.

Јавна тајна е дека Бразилците сакаат Анчелоти да биде нивни селектор, тоа е нивна желба подолго време и тоа откако Тите ја заврши приказната со националниот тим, меѓутоа сите нивни обиде не донесоа резултат, но овојпат тоа може да се промени.

Ако Реал ги загуби клучните битки тогаш повеќе од јасно е дека дон Карло ќе биде минато, па тука на сцена ќе настапат јужноамериканците кои во Италијанецот гледаат идеално решение.

Во игра е и Жорже Жезус од Ал Хилал, но прва желба дефинитивно е еден од најдобрите стратези на сите времиња.