Јовиќ може да остане во Милан, договорот зависи од два услови

Дерби

25/04/2025

12:45

336

Големина на фонт

а а а

Лука Јовиќ беше неочекуваниот херој на Милан во полуфиналното соочување со Интер во Купот на Италија, играч кој со два гола им донесе на „росонерите“ победа и пласман во завршниот меч во ова натпреварување.

Со ова Србинот потврди дека во овој момент можеби е и напаѓачот кој е во најдобра форма во таборот на Милан. Имено тој сезонава дава гол на секои 106,5 минути и со тоа има најдобар голгетерски учинок меѓу напаѓачите на составот од Милано.

Меѓутоа договорот му завршува на крајот на сезоната и тој како слободен играч може да побара нова средина, ама постои и можност да остане на „Сан Сиро“.

Калчомеркато пренесува дека клубот има опција да го продолжи договорот за уште една година. Иако таа опција е во рацете на клубот, постојат два фактори кои треба да се земат предвид во оваа ситуација.

Првиот услов е назначување на нов спортски директор кој би дал залено светло за ваква операција, вториот пак е активирање на клаузулата за продолжување пред средината на јули, односно калчолигашот тоа ќе мора да го направи во првите две недели од седмиот месец од годината.