Меси и компанија заглавија во Канада, Интер Мајами пред елиминација од КОНКАКАФ Купот

Дерби

25/04/2025

12:44

335

Големина на фонт

а а а

Екипата на Интер Мајами предводена од Лионел Меси не успеа да оствари позитивен резултат на првиот полуфинален меч со Ванкувер Вајткепс во рамките на КОНКАКАФ шампионскиот Куп.

Клубот од Канада славеше со 2-0 и со тоа широко си ги отвори вратите за пласман во големото финале. Вајт и Берхалтер погодија по еднаш во двете полувремиња и сега Ванкувер со убава предност ќе го дочека реваншот на Флорида кој е закажан за 1 мај од 02:00 часот.

Во другото полуфинале играа мексикансските ривали Круз Азул и Тигрес, првото соочување заврши без победник 1-1.