Тиери Анри имаше одлична активна фудбалска кариера што засега не може да се каже за неговата приказна како тренер каде не се прослави во досегашните клупски ангажмани во Монако и Монтреал.
Најголемиот успех на ова поле дефинитивно е освоениот сребрен медал со Франција на ЛОИ во 2024 година, но откако ја заврши таа епизода е без ангажман, ситуација која може да се промени во следниов период.
Имено „Journal du Dimanche“ пренесува дека легендарниот Тити може да стане тренер на германскиот прволигаш РБ Лајпциг. Првичните контакти се остварени и може да дојде до соработка што во некое сценарио би можело Анри да биде тренер на Елиф Елмас.
Елмас е уште под договор со Лајпциг и ако Торино не го откупи договорот на крајот на сезонава тој ќе се врати во Германија.
Наводно и Јирген Клоп кој има значајна улога во групацијата Ред Бул дал зелено светло за ангажманот на Тиери на жешкото столче.