Баптиста бираше меѓу Роналдо и Кристијано: Кога се работи за квалитет…

Дерби

25/04/2025

12:27

294

Големина на фонт

а а а

Многумина кога денеска ќе се спомене името Роналдо мислат на Кристијано, но пред да се појави Португалецот на големата сцена и да заблеска како што заблеска имаше еден друг Роналдо за кои пак доста љубители на фудбалот ќе кажат оригиналниот, човекот кој во свое време беше незапирлив како напаѓач, најдобар на светот.

Луис Назарио Де Лима беше асот кој беше идол на доста генерации како што потоа стана Кристијано, па иако е навистина тешко да се споредат некогашниот член на Реал Мадрид и Арсенал, Жулио Баптиста се обиде тоа да го направи и да одговори кој е подобар напаѓач.

- И двајцата играчи беа посебни во различни периоди од нивните кариери. Секако, во однос на долговечноста, не можете да се расправате со Кристијано, но во однос на квалитетот и од она што го видов од Бразилецот Роналдо пред неговата повреда – никогаш не сум видел играч кој го направил она што го направил Роналдо во минатото.

- Она што го правеше заслужува неверојатна почит, беше навистина лудо. Морам да го изберам мојот сонародник, - порача Баптиста.