Денвер потопен во Лос Анџелес, Оклахома од -29 до големо славје во Мемфис

Дерби

25/04/2025

11:19

1.213

Големина на фонт

а а а

Поранешниот НБА шампион, Денвер Нагетс доживеа тежок пораз од Лос Анџелес Клиперс од 117:83 во првиот меч од плејоф серијата што се одигра во Калифорнија.

Домаќините беа далеку подобар тим на теренот, го надиграа противникот од почеток до крај во сите четвртини и сега водат со 2-1 во оваа пресметка. Избраниците на Лу одиграа тимска кошарка во која тројца играчи постигнаа 20 и 21 поен и тоа Пауел, Ленард и Харден, додека центарот Зубац застана на 19 кошеви.

Најсветла точка кај поразените беше Јокиќ со трипл-дабл учинок од 23 поени, 13 скока и 13 асистенции, меѓутоа ќе мора да добие соодветна поддршка од колегите ако Денвер сака да биде конкурентен и ја добие оваа серија.

Оклахома Сити Тандер пак губеше и со 29 разлика на гостувањето кај Мемфис, меѓутоа успеа со луд пресврт да дојде до конечно славје од 114:108 и да поведе со 3-0.

Гризлис во финишот на првиот дел ја загубија првата ѕвезда Морант по еден тешок пад и тоа дефинитивно влијаеше во продолжението, пред се во вториот дел кој гостите го реализираа со 63:31. Шестмина кошаркари на ОКЦ беа двоцифрени, Пипен Џуниор за поразените уфрли 28 кошеви.

На третата средба Њујорк Никс славеше против Детроит Пистонс со 118:116 и одново води во пресметката, овојпат со 2:1.