Една година подоцна: Слот му се реваншираше на Клоп и го запали „Енфилд Роуд“

Дерби

28/04/2025

11:20

334

Големина на фонт

а а а

Јирген Клоп се погрижи за уникатна сцена на денот кога си заминуваше од Ливерпул, па во моменти кога сите тагуваа за крајот на една незаборавна етапа, Германецот пронајде сили да ги развесели фановите со песна за неговиот наследник.

Германскиот стручњак го најави Арне Слот на уникатен начин на „Енфилд Роуд“, а една година подоцна, Холанѓанецот доби шанса да се реваншира со микрофонот во раце.

Ливерпул вчера математички ја осигура титулата и Слот стана првиот Холанѓанец кој го освојува трофејот во Премиер лигата, но за да биде уште послатко и поимпресивно, тоа го направи во првата сезона.

За време на говорот, Слот не пропушти шанса да се потсети на сцената од пред една година и да му се оддолжи на својот претходник, па цел „Енфилд Роуд“ во еден глас пееше само едно:

– Јирген Клоп, лалалалаллала…