Реал Мадрид се намачи за да ја одбрани победата и трите бода на гостувањето кај градскиот ривал Хетафе, особено во самата завршница кога играше и со играч помалку поради повредата на Камавинга во ситуацијата кога Карло Анчелоти ги направи сите замени.
Тибо Куртоа имаше одлична одбрана во последната минута од судиското продолжение и ја сочува победата на „кралевите“, и тоа во натпревар на кој тренерот реши да комбинира и да им даде шанса на играчи кои поретко се на теренот.
Анчелоти им даде доверба на Ендрик, Арда и Брахим, но од тројцата споменати, имаше еден кој го извади Италијанецот од такт, и тоа во ситуација кога имаше голема шанса за гол.
Бразилецот Ендрик реши да го лобува голманот на Хетафе и неговиот обид беше катастрофален, па иако постоеше опасност да се работи за офсајд ситуацијата, неговата завршница го налути Анчелоти до тој степен, што веднаш побара реакција на клупата.
Италијанецот го извади Ендрик неколку минути подоцна, а му одржа лекција на младиот Бразилец и од прес-центарот.
– Ендрик имаше две големи шанси. Првата не ја реализираше за малку, но тоа што го направи при втората шанса, не смее да се прави. Тој е млад и има многу за учење, но овакви работи не постојат во професионалниот фудбал. Треба да шутне најсилно што може во таква ситуација, ова не е клуб во кој се учи театар, – изјави Анчелоти.
Моментот погледнете го ТУКА.