Мик Шумахер, возач на Формула 1 и син на легендарниот Михаел Шумахер, ги поттикнал гласините за наводно раскинување со Лаила Хасановиќ, девојка по потекло од БиХ. Имено, 26-годишниот Германец бил забележан на ексклузивната апликација за запознавање „Raya“, поради што многумина заклучиле дека Мик бара нова девојка.
Профилот на Шумахер на апликацијата „Raya“, која е резервирана само за познати личности, почнал да кружи на социјалните мрежи.
Инаку Мик и Лаила се заедно од август 2023 година, а врската била толку сериозна што се појавија гласини за нивна свршувачка откако Хасановиќ сподели фотографија со прстен кој наликувал на свршенички. Сепак, таа брзо ги демантирала шпекулациите со порака: „Не е свршенички прстен“.
Го запознала татко му
Нивната врска била толку сериозна што, како што пренесе германски „Билд“, Лаила била единствената девојка на Мик која имала привилегија да го посети неговиот татко Михаел Шумахер, кој во 2013 година доживеал тешка несреќа на скијање и оттогаш не е виден во јавноста. Потоа се појавија гласини за раскинувањето, но тоа никогаш не беше потврдено.
Watch on TikTok
Во јануари оваа година, Мик решително ги демантирал овие гласини, објавувајќи заеднички фотографии од прославата на новогодишната ноќ. Меѓутоа, во меѓувреме тие фотографии мистериозно исчезнале од неговиот Инстаграм профил, што е уште еден знак што сугерира дека патиштата им се разделиле.
Родена во Данска
Лаила (24) е родена во Данска, каде што нејзините родители се преселиле за време на војната. Таа е манекенка, а пред пет години била во финалето на изборот за Мис Универзум Данска.
„Ако ме прашувате мене, не изгледам како да сум од Босна. Мислам дека изгледам како да сум од Скандинавија, но немам скандинавска крв во мене. Тоа е смешно бидејќи воопшто не личам на моите родители“, изјавила таа во една прилика.