Барон Трамп (19), синот на американскиот претседател Доналд Трамп, од безбедносни причини не смее да го сподели својот број на мобилниот телефон со колегите од факултет, па со нив комуницира на алтернативни начини.
Тој избрал свој начин на комуникација
Барон од минатата година студира на познатата школа за бизнис на „NYU Stern“, а агентите на Тајната служба постојано се со него. Претходно ги замолил колегите да контактираат со него преку „Discord“, но сега најчесто се слушаат преку гејминг конзолата „Xbox“. „Тоа е неговата избрана платформа за комуникација“, изјавил извор за „Page Six“.
„TMZ“ претходно пишуваше дека Барон речиси и да „не постои“ на факултет, бидејќи постојаното присуство на агенти му го отежнува создавањето пријателства. Барон, наводно, нема ниту момент на приватност. Извори за „Дејли Мејл“ изјавиле дека телохранителите го следат дури и до тоалетот, а тој никогаш не е виден како јаде во кантина.
Трамп го пофалил
Доналд Трамп неодамна во својот говор ја пофали снаодливоста на својот син во користењето технологија и ја насмеа публиката. „Го исклучувам неговиот лаптоп и по пет минути се враќам и гледам дека повторно го вклучил. Го прашав: ’Како го направи тоа‘, на што ми одговори: ’Не мешај се, тато“, раскажал Трамп.