Овогодишната титула за најубава личност во светот според магазинот „Пипл“ ја освои познатата актерка Деми Мур (62).
Од 1990 година, овој магазин ги избира најубавите луѓе во светот со цел на читателите да им ги приближи познатите личности кои ги кршат стереотипите за убавината и инспирираат со својот пример. Преку овој престижен избор низ годините беа претставени бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои и првата ѕвезда од насловната страница – Мишел Фајфер, а подоцна и Џулија Робертс, Бијонсе, Кејт Хадсон и многу други.
По огромниот успех во хорор филмот „The Substance“, во кој толкува жена опседната со вечна младост, Деми за „Пипл“ прозборе околу нејзиниот поглед на убавината.
„Убавината е автентичност и позитивност. Тоа е чувство на удобност во сопствената кожа“, рекла Мур.
Деми, исто така, истакнала дека, по години поминати под притисок да изгледа совршено, конечно нашла поздрав и порелаксиран однос кон сопственото тело и живот. Таа изјавила дека вистинската убавина не е во годините или изгледот, туку во тоа да бидеме свои и со љубов да се грижиме за себе.
Минатата година оваа ласкава титула ја освои актерката Софија Вергара (51), која исто така отворено зборувала за предизвиците и личниот раст.
„Животот не бил отсекогаш лесен, но никогаш не сум се чувствувала посилна“, изјавила Вергара.
Таа исто така рекла дека со годините доаѓа мудроста и дека денес помалку се грижи за тоа што мислат луѓето за неа. Таа, исто така, се осврнала на нејзиниот развод со Џо Манганиело, нагласувајќи ја важноста на поддршката за партнерот, особено во тешките моменти во животот.
Потсетуваме, магазинот „Тајм“ неодамна објави листа на 100-те највлијателни луѓе за 2025 година, на која се најдоа личности од различни области.
Меѓутоа на листата во категоријата „икона“ е и актерката Деми Мур, која оваа година првпат беше во трка за Оскар за најдобра женска улога, но и покрај предвидувањата не го освои. Сепак, пред доделувањето на Оскарите, за истата улога доби Златен глобус.