Уника со одлично второ полувреме до победа во дуелот со ВДЛ Ван Хоол

Точка

23/04/2025

09:39

6.865

Големина на фонт

а а а

Еве ги резултатите од вчерашните натпревари во Бизнис Лигата на Македонија.

Уника со одлично второ полувреме до победа во дуелот со ВДЛ Ван Хоол

ВДЛ Ван Хоол 4-9(4-4) УНИКА

ВДЛ Ван Хоол: Валентино Трајковски 5” 9” 10”, Давид Масевски 19”

УНИКА: Аднан Лимани 4”, Арбен Нухиу 8” 20”, Шабан Чупи 14”

Егал прво полувреме одиграа екипите на ВДЛ Ван Хоол и УНИКА. И двете екипи во натпреварот настапија максимално мотивирани уште од самиот почеток. Се играше цврст и борбен фудбал во одбраната, како и брз и креативен фудбал во нападот, севкупна игра која преку која и двете екипи создаваа одлични шанси за гол кои вешто ги користеа за да постигнатодлична и реализацијата. Натпреварот го отвори екипата на УНИКА во 4” сo погодок во реализација на Лимани. ВДЛ Ван Хоол вечерва во своите редови го имаше расположениот Трајковски кој со хет-трик резултатски го одржувше својот тим во егал игра. Од минута во минута и двете екипи најизменично успеваа да постигнуваат погодоци па на полувремето заминаа со израмнет резултат 4-4.

Во второто полувреме екипата на УНИКА ја заигра својата препознатлива играсо, и притисок во предно поле успеа да создаде играч плус во делот на нападот. Во ваквата поставеност УНИКА успеа да постигне 4 гола со што стекна резултатска предност од 4-8. Екипата на ВДЛ Ван Хоол се обидуваше да најде против игра но вечерва расположената УНИКА не дозволи изненадување па на крајот од овој натпревар славеше со 4-9.

Лукоил со колективна игра до победа во дуелот со ЈСП

ЈСП 3-8(1-3) Лукоил

ЈСП: Васко Мирчевски 16”, Тихо Фидановски 29”, Мартин Ливрински 36”

Лукоил: Димитар Иванов 2”, Петар Лефков 6” 13” 25”, Горан Стојанов 22” 32” 40”, Марио Антовски 23”

Екипата на Лукоил уште на самиот старт играше офанзивно со целосен акцент на играта во нападот. Ваквата игра вроди со плод па Лукоил успеа да стекне предност од 0-3. Во тие моменти ЈСП го искористи голманот како голман-играч па направи притисок во предно поле со што успеа да намали на 1-3, резултат со кој заврши првото полувреме.

Екипата на ЈСП уште на самиот старт од второто полувреме направи притисок играјќи пресинг по целиот терен. Ваквата игра ја надополни со чести измени како би можела да го одржи ритамот, но Лукоил беше присебен во овие моменти, и одговори со долги и смирени напади. Ваквата игра на Лукоил му донесе отворени шанси за гол кои успеаа да ги реализираат па дојдоа до водство од 1-5. Во втората половина од второто полувреме екипата на ЈСП ги консолидира своите редови и успеа да го намали водството на Лукоил на 3-7, но тоа не беше доволно за целосен пресврт, Лукоил остана присебен, го задржа високиот ритам на игра, и на крајот славеше со резултат 3-8.

Дуото Видински-Демири го водеше ТАВ до победа во дуелот со Корпа

Корпа 6-12(1-6) ТАВ

Корпа: Никола Спасовски 4” 30”, Љубомир Трповски 23”, Филип Тодоровски 36” 37”, Кристијан Велковски 36”

ТАВ: Сеат Демири 2” 17” 26” 38” 40”, Ивица Продановски 11”, Алмир Имер 13” 15”, Даниел Симиќ 20”, Јованче Видински 23” 28” 30”

Натпреварот помеѓу екипите на Корпа и ТАВ започна со крајно израмнети сили. И на двете страни се играше цврст и отворен фудбал. Во ваквата игра прва до водство дојде екипата на ТАВ преки Демири 2” кој со маестрален гол му донесе предност на ТАВ од 0-1. Во тие моменти екипата на Корпа заигра во агресивно во делот на нападот и преку Спасовски 4” успеа да го израмни резултатот на 1-1. Во средината од првото полувреме ТАВ успеа преку контра напад и гол во реализација на Продановски 11” да дојде до водство од 1-2 со што ТАВ започна офанзивна серија преку која со одлична реализација успеа од минута во минута да го зголемува водството кое на крајот од полувремето изнесуваше 1-6.

Во второто полувреме екипата на ТАВ продолжи фуриозно и стигна до маестрални 2-9. Во тие моменти проработе Корпа која со пет гола во низа успеа да фати резултатски приклучок, не немаше доволно сили за целосен презврт па го загуби овој натпревар со 6-12.