[ВИДЕО] Дефанзивец на Барселона падна од автобусот за време на прославата на титулата

Макфакс

17/05/2025

10:51

1.398

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Барселона ја прославија успешна сезона, во која освоија три трофеи.

Барселона е шампион на Шпанија, ја обезбеди титулата на две рунди пред крајот на Ла Лига, а претходно ги освои Суперкупот и Копа дел Реј.

Фудбалерите на Барселона бурно го прославија последниот од серијата трофеи оваа сезона, по прославата во соблекувалната на Еспањол, Каталонците славеа со навивачите во отворен автобус што минуваше низ градот.

Еден од играчите кој беше меѓу најопуштените на прославата беше дефанзивецот Ињиго Мартинез, кој можеше да заврши трагично, бидејќи падна од автобусот за време на прославата.

Како што можете да видите на видеото објавено од шпанските медиуми, тој паднал на грб, но за среќа не е повреден.