[ФОТО] На 20 години беше исфрлена од Олимпиското село поради "непримерно однесување": Сега се враќа

Точка

14/05/2025

18:01

1.278

Големина на фонт

а а а

Парагвајската пливачка Луана Алонсо повторно е во фокусот на јавноста. Една од најатрактивните спортистки во светот, по неуспешниот настап на Олимписките игри во Париз, објави дека се повлекува од спортот — и тоа на само 20 години. Во октомври најави дека започнува да објавува содржини на "OnlyFans", платформа каде што корисниците споделуваат фотографии и видеа кои фановите ги следат преку претплата, а честопати станува збор за содржина за возрасни.

Сега, Алонсо откри дека планира враќање во пливањето. „Се враќам наскоро“, објави на својот "Instagram". На прашање од фан дали повторно ќе настапува на Олимписките игри, одговори: „Не сум сигурна кога и дали ќе се вратам на натпреварувачко пливање.“

Исфрлена од олимпиското село поради „непримерно однесување“

Алонсо, позната по својот изглед и по тетоважата на страна со петте олимписки прстени, не успеа да се пласира во полуфиналето на трката на 100 метри делфин во Париз, по што се повлече од спортот. „Сега е официјално. Се повлекувам од пливањето. Ви благодарам на сите за поддршката. Прости ми, Парагвај. Ти благодарам за сè“, напиша тогаш на "Instagram", каде што има 1,1 милион следбеници.


Подоцна беше исфрлена од олимпиското село, откако, според "Daily Mail", „со непримерна облека и дружење со спортисти го нарушувала фокусот на другите натпреварувачи“, создавајќи „непријатна атмосфера“. Парагвајскиот олимписки комитет ѝ забрани да се дружи со остатокот од тимот поради „непрофесионално однесување“.


„Нејзиното присуство создаваше несоодветна атмосфера во парагвајскиот тим. И благодариме што ги почитуваше упатствата и доброволно не преспа во олимпиското село“, изјави шефицата на делегацијата Лариса Шаерер.