Почина камерунската легенда! Ја стави Африка на фудбалската мапа

Точка

16/05/2025

20:01

1.645

Големина на фонт

а а а

За националниот тим на Камерун настапил 127 пати, а во својата клупска кариера играл за француските клубови Лавал и Ремс.

Емануел Кунде, еден од главните играчи на камерунската репрезентација од 1990 година, која влезе во историјата како првата африканска селекција што стигнала до четвртфинале на Светското првенство, почина, соопшти во петокот Фудбалската федерација на Камерун.

Кунде (68) учествуваше и на Светското првенство во 1982 година во Шпанија, каде Камерун дебитираше, а беше и дел од победничкиот тим кога "Нескротливите лавови" го освоија Африканскиот куп на нации во 1984 и 1988 година.


Токму тој го изведе победничкиот пенал во финалето на Купот на нации во 1988 година против Нигерија во Касабланка, а беше стрелец и од белата точка во драматичниот пораз од Англија со 3:2 во Неапол во четвртфиналето на Мундијалот 1990.

За националниот тим на Камерун настапил 127 пати, а во својата клупска кариера играл за француските клубови Лавал и Ремс.