Анчелоти: Барса е најдобра, титулата е заслужена

Макфакс

17/05/2025

17:04

419

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ѝ честиташе на Барселона за заслужено освоената титула.

Со победа од 2:0 над Еспањол, Барселона официјално стана нов шампион на Шпанија во четврток, на две кола до крајот.

Пред натпреварот со Севилја, на денешната конференција, Карло Анчелоти ѝ честиташе на Барселона за заслужениот трофеј.

„Барселона играше брилијантно и затоа треба да им честитаме. Тие беа најконзистентниот тим во текот на целото првенство и во исто време играа прекрасен фудбал. Да, заслужено ја освоија титулата“, рече Анчелоти и дополни.

„Никогаш нема да ги критикувам моите играчи, бидејќи знам дека дадоа се од себе и ме направија толку среќен во изминатите четири години. Тие секогаш ќе бидат најдобри за мене. Во тој период, клубот донесе играчи како Камавинга, Чуамени, Ридигер, Белингам, Мбапе… и дали можев да побарам повеќе? Не. Што се однесува до Мбапе, неговата прва сезона беше одлична. Знам дека ќе биде уште подобар, ќе постигне над 40 гола“.

Анчелоти официјално ќе го напушти Реал Мадрид по завршувањето на Ла Лига на 25 мај, но веќе го чека нова работа, бидејќи ќе стане нов селектор на Бразил.