[ВИДЕО] Смешка од САД: Министерка за образование вештачката интелигенција ја нарекува „A1“ наместо „AI“

Точка

11/04/2025

22:09

10.139

Големина на фонт

а а а

Поранешната американска министерка за образование Линда Мекмахон, наместо скратеницата за вештачка интелигенција „AI“, ја изговара – „A1“.

На образовен самит организиран од инвеститори од Силиконската долина, 76-годишната поранешна промотерка на професионално борење неколку пати ја изговори скратеницата „AI“ (вештачка интелигенција) како „A1“, што во САД е препознатливо име за популарен сос.

Нејзиниот говор остави впечаток дека воопшто не знае како правилно се изговара една од најраспространетите скратеници во современото општество.

„Постојат училишта, не знам точно каде, но кои од сега ќе се погрижат учениците уште од прво одделение или дури од претшколски програми да се едуцираат за A1 секоја година“, изјави Мекмахон пред публиката.

Мекмахон учествуваше во панел-дискусија со Џулија Штиглиц, извршна директорка на компанијата "Uplimit", која користи "AI" за корпоративна едукација, и Видеј Карунамурти, технички директор на "Scale AI", компанија специјализирана за подготовка на податоци за вештачка интелигенција.

„Децата се како сунѓери, сè впиваат. Не беше многу одамна кога го воведувавме интернетот во училиштата. А сега, добро, да видиме што "A1" може да направи за индивидуалната настава“, рече Мекмахон.

Да потсетиме, интернетот беше воведен во јавните училишта во САД средината на 1990-тите, пред речиси 30 години.