Гвардиола откри зошто си заминува Де Брујне: Одлуката е донесена…

Дерби

06/04/2025

16:10

1.737

Големина на фонт

а а а

Пред неколку дена официјално беше потврдено дека Кевин Де Брујне ги игра последните месеци, последната сезона во дресот на се уште актуелниот англиски шампион Манчестер Сити.

Де Брујне цела една деценија го носеше дресот на „граѓаните“, имаше огромна улога во сите успеси во овој период, па иако едно време постоеше дилема што ќе се случи со него и дали ќе добие нов договор на крајот добива чисти документи и по месец јуни ќе може без проблеми да ја избере новата средина.


Предводникот на Сити, Пеп Гвардиола проговори на оваа тема и откри дека ова не одлука на Де Брујне, односно дека клубот едноставно решил да ја заврши оваа приказна.

-Одлуката е донесена за клубот, а клубот е клубот. Јас, Чики [Бегиристајн, спортски директор] и клубот, па еве што е. Не ми беше лесно да му кажам дека нема да продолжи.

-Последната година ипол беше надвор од теренот повреден бидејќи даде се за клубот. Сè што имаше во телото и во неговиот ум, го има направено, така што нема сомнеж за тоа, -истакна Шпанецот.