Трентино-Јужен Тирол е автономен регион во североисточна Италија, кој се состои од две области. Во Јужен Тирол живеат говорници на германски јазик, а во Тренто оние кои зборуваат италијанскиот јазик.
Прекрасниот град Тренто, сместен помеѓу езерото Гарда и Доломитите, започнал нова иницијатива чија главна цел е обнова на старите куќи и поттикнување на населувањето на напуштените места.
Властите нудат поддршка до 100.000 евра за преселување. Поточно 20.000 евра за помош при купување имот во Тренто и до 80.000 евра за реновирање.
Поддршка за спас на мали и запуштени места
Но, постои трик. Поддршката е достапна само за Италијанците во Италија или Италијанците кои живеат во други делови на светот и сакаат да се преселат.
Исто така поддршката нема да им биде доделена на Италијанците помлади од 45 години кои веќе живеат во овој регион, имаат куќа и сакаат пари за подобрување на нивните постоечки домови. Парите се наменети исклучиво за напуштени куќи кои треба да се реновираат и да се спасат.
Исто така, ако потпишaт договорот, се обврзуваат да живеат во Тренто најмалку 10 години или да го изнајмат реновираниот дом на некого за ова времетраење по разумна цена.
Италијански трикови против депопулацијата
Во игра се триесетина градови кои се разгледуваат за овој проект, како Бреша, Раби, Бондоне, Кастело Тестино, Грињо, Совера, Џовеа, Вал ди Нона, Валфлоријана, Терањоле и слично.
Конечниот проектен план треба да пристигне во наредните недели и месеци, а апликациите подоцна ќе се прифаќаат. Сите градови на списокот се на работ на изумирање – стојат полупразни и напуштени. Локалните власти планираат да инвестираат околу 10 милиони евра за околу сто домаќинства.
Ова е само еден во низата економски трикови со кои Италијанците се обидуваат да се борат против депопулацијата на руралните средини и да им помогнат на општините со помалку од 5.000 жители. Во минатото, некои места во Италија продаваа куќи за симболична цена од 1 евро за да ги привлечат младите во оддалечените делови на земјата.