[ФОТО] Новите фотографии откриваат колку навистина е тенок најтенкиот „iPhone“

Точка

27/03/2025

18:56

1.974

Големина на фонт

а а а

Веќе неколку месеци кружат информации за „Apple iPhone 17 Air“, за кој се верува дека ќе биде претставен подоцна оваа година како најтенкиот модел на „Apple“ досега. Откако протекоа рендери кои требаше да дадат навестување за изгледот на „iPhone 17 Air“, сега се појави нова фотографија која јасно покажува колку ќе биде тенок овој модел во споредба со „iPhone 17 Pro“.

Фотографијата што се појави на социјалните мрежи ги прикажува „Apple iPhone 17 Pro“ и „iPhone 17 Air“ поставени еден до друг – „Pro“ моделот е од левата страна, а „Air“ од десната, при што разликата во дебелина е очигледна.

Овие слики најверојатно се 3D-печатени модели базирани на „CAD“ рендери, но јасно се забележува дека дебелината на „Air“ моделот е речиси двојно помала од „Pro“ моделот.

Претходните гласини наведуваа дека „Apple iPhone 17 Air“ ќе има дебелина од 5,5 мм, но тоа не го вклучува испакнатината на камерата. Кога ќе се земат предвид камерите, вкупната дебелина на „iPhone 17 Air“ ќе достигне 9,5 мм.