Новите Samsung Bespoke AI машини за перење со AI Home овозможуваат попаметно и поефикасно перење алишта

Точка

27/03/2025

14:55

1.643

Големина на фонт

а а а

Samsung Electronics денес ги претстави новите машини за перење и сушење алишта Bespoke AI Laundry модели со AI Home дизајнирани за дополнително унапредување на корисничкото искуство.

Bespoke машините за перење и сушење се достапни во различни големини и со различни начини на загревање, со цел да одговорат на разновидните потреби на корисниците во региони ширум светот. За време на претставувањето, беше истакнато дека ново претставените модели се прилагодени на различни типови семејства и начини на живеење, при што машините за сушење се достапни со вентилациски систем или со топлинска пумпа.

Годинешните Bespoke AI Laundry модели вклучуваат седум-инчен AI Home екран, со што Samsung ја проширува својата визија за „екрани насекаде“, претставена на саемот CES 2025. Екраните нудат интуитивно управување и преглед на клучни информации, како што е преглед на циклусот на перење или нивото на преостанат детергент во машината. Уредите, исто така, ги паметат навиките на корисниците и ги земаат предвид повремените и сезонските потреби, при што предлагаат најсоодветна програма, за корисниците да не мораат да се грижат кој начин на перење е најдобар за алиштата во машината. AI Home е истовремено и централен хаб, кој им овозможува на корисниците да ги следат и да управуваат со поврзаните уреди, како и да уживаат во видеа или музика.


„Со минатогодишното претставување на Bespoke AI Laundry Combo, започнавме со интеграција на екрани во нашите производи, со цел да понудиме клучни информации за перењето и можност за управување со домот,“ изјави Џонг Сеунг Мун (Jeong Seung Moon), европски потпретседател и раководител на одделот за истражување и развој на дигитални апарати за домаќинство во Samsung Electronics. „Оваа година, со задоволство го претставуваме проширеното Bespoke AI Laundry портфолио, кое одговара на потребите на различни профили на корисници и им овозможува целосно искористување на можностите на овие практични екрани.“

Новите Bespoke AI машини за перење и сушење се дизајнирани со цел да ја поедностават грижата за алиштата, благодарение на напредни алгоритми и сензори поддржани од вештачка интелигенција, со што се оптимизираат процесите на перење и сушење и се подобрува енергетската ефикасност. Веќе претставените функции AI Wash и AI Dry се унапредени во AI Wash+ и AI Dry+, со подобрена способност за препознавање на ткаенини, со цел да се обезбеди ефикасно и квалитетно перење и сушење на различни типови материјали.

60-сантиметарски модели машини за перење и сушење со подобрена грижа за алиштата

Во продолжение на претставувањето на Bespoke AI машините за перење на саемот IFA 2024, 60-сантиметарските модели машини за перење и сушење ќе бидат достапни на европските пазари подоцна оваа година. Како 70-сантиметарските модели, кои нема да бидат достапни во Европа, „помалиот“ сет, исто така, вклучува седум-инчен AI Home екран, кој овозможува интуитивна контрола и поврзаност. Машината за перење е дизајнирана да одговори на потребите за висока енергетска ефикасност на европските пазари, при што троши 55 % помалку електрична енергија од минималните барања за категоријата Class A . Моделот, исто така, поддржува детална оптимизација на чистењето благодарение на AI Wash решението, кое ја следи потрошувачката на вода и детергент и обезбедува нежно перење и ефикасно отстранување на дамки со AI Ecobubble™. Функцијата QuickDrive™, достапна во 11 различни циклуси на перење, може да го скрати времето на перење до 50 % , без да ги загрози перформансите на чистење.


Соодветната машина за сушење го вклучува програмот AI Dry+, кој овозможува сушење со прецизно препознавање на четири типа ткаенини — стандардни ткаенини, деним, крпи и синтетика. Ова ѝ овозможува на машината прецизно сушење со намалена потрошувачка на енергија до 10 % и скратување на времето на сушење до 15 % . QuickDrive™ решението е корисно и за оваа категорија производи, кога корисниците сакаат нежно и брзо да ги исушат алиштата, со скратување на траењето на програмата до 35 % , благодарение на автоматското прилагодување на компресорот со инвертер мотор.

Со претставувањето на новите производи, Samsung ги поместува границите на иновациите, нудејќи високо интелигентни, ефикасни и привлечни апарати за домаќинство, кои ја поедноставуваат секојдневната рутина на корисниците преку зголемена практичност — беше заклучено за време на претставувањето.

Комерцијален текст