Откритие на „"NASA"“: Земјата вакво нешто не доживеала 100 години, а ќе се случи наскоро

Точка

10/12/2025

20:50

2.080

Големина на фонт

а а а

Помрачувањата на Сонцето се предвидлив астрономски настан и резултат на порамнувањето на Земјата, Сонцето и Месечината. За нешто помалку од две години, на Земјата ќе се случи помрачување на Сонцето какво што светот ќе го види само еднаш во 21. век.

Се приближува ретко целосно помрачување на Сонцето, кое со своето исклучително долго траење ќе ги надмине досегашните помрачувања, како и она што ќе се случи во 2026 година. Помрачувањето од април 2024 година, видливо над Северна Америка, траеше 4 минути и 28 секунди, додека она што во август 2026 година ќе ја зафати Шпанија ќе трае само 1 минута и 43 секунди. Двете ќе бидат засенети од настанот што следува во 2027 година.


Египет ќе биде во фокусот на настанот

Календарот на помрачувања на "NASA" го наведува 2 август 2027 година како датум на најдолгото целосно помрачување на Сонцето во последните сто години. Фазата на тоталитет ќе трае 6 минути и 23 секунди и ќе стави делови од Европа, северна Африка и Блискиот Исток под сенката на Месечината.

Според картите на "NASA", патеката започнува во Мароко и јужна Шпанија, продолжува низ Алжир, Тунис, Либија, Египет и Саудиска Арабија, а завршува над Јемен и брегот на Сомалија. Најдолгиот период на темнина ќе биде забележан во Египет, особено во градовите Луксор и Асуан на југот од земјата, пренесува порталот "Wired".

И покрај честите теории на заговор кои ја следат секоја помрачина, тие не влијаат на здравјето ниту ги менуваат физичките својства на нашата планета. Станува збор за природна и предвидлива астрономска појава која произлегува од порамнувањето на Сонцето, Месечината и Земјата. Слични појави се забележуваат и на Марс, како и на самата Месечина, кога површината на нашиот природен сателит е покриена од сенката на Земјата.


Други долготрајни помрачувања на Сонцето во 21. век

"NASA" наведува и други долготрајни помрачувања кои ќе се случат во текот на овој век. Нивниот хронолошки редослед е следниот:

– 12 август 2045 година, во траење од 6:06 минути,

– 30 април 2060 година, во траење од 5:12 минути,

– 24 август 2063 година, во траење од 5:49 минути,

– 11 мај 2078 година, во траење од 5:40 минути,

– 3 септември 2081 година, во траење од 5:33 минути,

– 22 мај 2096 година, во траење од 6:06 минути.