На радост на милиони обожаватели ширум светот, ѕвездата на реалити телевизијата Ким Кардашијан ќе се појави како лик во хит-видеоиграта „Fortnite“.
Инфлуенсерката и бизнисменка Ким Кардашијан (45) сподели серија промотивни видеа на „X“, откривајќи го својот изглед во „Fortnite“, како и промените на облека и фризура, познати како „skin“-ови, кои ќе им бидат достапни на играчите од 13 декември.
Соработката ја најави и „Fortnite“ преку трејлер на „Instagram“, во кој беше прикажана ко-основачката на „Skims“ како презема низа различни улоги, со глас на наратор кој вели: „Ким Кардашијан е мајка, претприемачка, модна икона, ТВ-ѕвезда, а сега го освојува ’Fortnite‘.“
see you in @Fortnite 👀 pic.twitter.com/8EYYPga8pg
— Kim Kardashian (@KimKardashian) December 10, 2025
Ова е нејзина прва соработка со видеоигра, со што ги следи чекорите на други ѕвезди кои претходно веќе се појавија во „Fortnite“, меѓу кои се пејачките Сабрина Карпентер и Аријана Гранде, како и раперот Еминем.
Ким Кардашијан претходно се појави и во сопствена видеоигра, „Kim Kardashian: Hollywood“, но таа беше изгасната во 2024 година, една деценија по нејзиното лансирање.






