[ФОТО] Морско суштество ги изненади капачите: Експертите збунети како стигнало до крајбрежје, а изгледа неверојатно

Точка

11/12/2025

14:45

699

Големина на фонт

а а а

Шкотските капачи останале изненадени кога на локалната плажа испливал редок октопод со седум пипала.

Ова суштество, познато и како септопус, пронајдено било најдено во близина на Националните резервати на природата Форви.

Поради својата импресивна големина, само пипалата му се долги 50 сантиметри, истражувачите веруваат дека станува збор за женска единка.

Д-р Лорен Смит, морски биолог од истражувачката организација „Saltwater Life“ го опишал пронајдокот како „неверојатен“, но додал дека начинот на којшто животното стигнало на крајбрежјето е „мала мистерија“.

Можно е несреќниот примерок да го нападнале гладни китови пред неговите остатоци да испливаат на крајбрежјето.

„Можеби бил уловен и вратен назад или го нападнал кит“, изјавиле за „Дејли Мејл“.

„Или некако успеал да стигне до плитката вода“.

Деловите биле однесени во различни лаборатории и музеи.

„Многу е ретко да работите со овој вид, па сите се возбудени“, додала д-р Смит.

🐙 UPDATE: ID Confirmed as Haliphron atlanticus formerly (Alloposus mollis) The Giant Gelatinous Octopus aka Seven Arm...

Posted by Saltwater Life on Monday, December 1, 2025

Таа дознала за остатоците кога пријател ѝ испратил фотографии кои веднаш станале вирални на интернет, откако капачите го забележале ова суштество на 30 ноември.

Последниот дел од суштеството којшто недостасувал, испливал на крајбрежјето во четвртокот на 4 декември.

„Сите делови и фотографии потекнуваат од иста единка“, изјавила д-р Смит.

Фотографиите и мерењата биле направени на местото. На почеток се мислело дека тоа се остатоци од џиновска лигна (Architeuthis dux). Меѓутоа, недостатокот на карактеристичните „запчести“ пипала укажал на нешто друго.

Било потврдено дека станува збор за видот „Heliphorn Atlanticus“, познат и како блоб октопод или септопус, формално идентификуван во 19 век.

Овој вид се наоѓа во тропските и умерени води ширум светот, од Азор западно до Португалија, потоа во сојузната држава Вашингтон и Нов Зеланд.

Септопус вообичаено се наоѓа на длабочина поголема од 500 метри т.н. „зона на самрак“ поради недостатокот на светлина.

„Пронајдените остатоци се замрзнати заради понатамошна анализа, а некои можеби ќе бидат зачувани како музејски примероци“.