Обожавателка ја снимила Блејк Лајвли – Актерката ѝ возвратила со бизарен потег

Точка

27/03/2025

09:01

3.265

Големина на фонт

а а а

Блејк Лајвли го привлече глобалното внимание во последниве месеци поради нејзината јавна правна битка со колегата од „It Ends With Us“ Џастин Балдони, во која таа го обвини дека сексуално ја вознемирувал и учествувал во „социјална манипулација“ против неа. Потоа Балдони ја тужел актерката, а ги очекува судење на 9 март 2026 година.

Нови обвинувања

Меѓутоа Лајвли сега се соочува со ново обвинение, но овој пат тоа доаѓа од обожавателка. Имено актерката со своите деца престојувала во хотелот 1928 во Вако, Тексас. Обожавателката Кејтлин Купер дознала дека Лајвли престојувала во истиот хотел како и таа, па се обидела да сними видео и чекала во фоајето додека не пристигнала актерката.


На снимката се гледа како Лајвли влегува во хотелот, а кога ја забележала камерата вперена кон неа, со раката го сокрила своето лице.

"Кога влезе, беше многу гласна. Нејзиниот глас беше многу препознатлив. Мислам дека поздрави две лица на рецепцијата. Нѐ погледна. Верувам дека забележа како ја снимаме", објаснила обожавателката. Лајвли била придружувана од чувар, како и член на хотелскиот персонал.

Бизарно однесување на актерката

Остатокот од вечерта поминал мирно, а Купер не обрнала посебно внимание на таа интеракција. Но, кога следното утро се подготвувала да замине со мајка си и ги ставала торбите во автомобилот, Лајвли наводно ја забележала и токму тогаш се случила наводно бизарната интеракција.

„Го товаравме автомобилот и слушнав „Здраво“, тоа беше женско лице. Погледнав и ја видов Лајвли. Го држеше телефонот в раце, како да ме снима. Инстинктивно одговорив „Здраво“, што друго можев да кажам“, рече Купер.


Кејтлин рекла дека актерката потоа престанала да зборува, а потоа почнала да кружи околу нивниот автомобил, преправајќи се дека снима, па дури и се фокусирала на нивниот број на регистарска табличка. „Бев навистина изненадена. Потоа таа му го предаде телефонот на нејзиниот чувар и тој повторно го заобиколи автомобилот од другата страна, а потоа и двајцата се вратија во хотелот. Бевме едноставно збунети поради тоа што се случи."

Исто така по овој инцидент, Купер рекла дека претставничка на Лајвли го следела нејзиниот Инстаграм профил и почнала да следи што објавува.