[ФОТО] Репрезентативец споделувал експлицитни снимки, фаталната бринета дознала сè: Ова е строго казниво, нема да молчам!

Точка

25/03/2025

15:34

4.168

Големина на фонт

а а а

Популарната чилеанска убавица и поранешна партнерка на дефанзивецот на италијански клуб беше гостинка во поткастот „Bombastik“ кај новинарката Сесилија Гутиерез, каде што отворено зборуваше за својата врска со Марипан. Како што самата признава, тој ги споделувал нејзините експлицитни фотографии и видеа без нејзина дозвола.

Имајќи предвид дека ширењето интимни видеа е строго казниво во Јужна Америка, Кармен со доза претпазливост зборуваше за проблемот со Гиљермо, но јасно му стави до знаење дека е свесна за неговите постапки и дека благодарение на сигурни извори дознала сè што правел во изминатите месеци.


„Ќе му испратам порака на Гиљермо Марипан. Споделувањето интимни видеа од жени е казниво дело во Чиле. Не си играше со девојка што ќе молчи – си играше со Кармен. Нема повеќе да коментирам, затоа што ни требаш за чилеанската репрезентација – директно му порача инфлуенсерката во поткастот на Сесилија Гутиерез.


Освен тоа, Кармен откри дека не сакала да ја прошири приказната поради кариерата на 30-годишниот фудбалер, бидејќи, како што вели, Чиле има потреба од него во тежок период на резултатска криза.


Инаку, Чиле се мачи во квалификациите за Светското првенство 2026 година, каде што моментално се наоѓа на последното место во јужноамериканската зона, 10 бода зад шестата позиција што води на турнирот.


Што се однесува до Марипан, бекот роден во Витакура во моментов игра за Торино, каде што му е соиграч на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Претходно настапуваше за Монако, Универсидад и Алавес.