(Видео) Драма на мечот на Ѓоковиќ: Се сокри зад рекламните паноа, а потоа го прегази Мајжак

Макфакс

08/03/2026

12:12

3.805

Големина на фонт

а а а

Тенисерот Новак Ѓоковиќ на нешто потежок начин се пласираше во третото коло на Мастерсот во Индијан Велс, откако по пресврт во три сета го совлада Полјакот Камил Мајжак со 2:1 (4:6, 6:1, 6:2).

Ѓоковиќ веќе десет години нема освоено титула во Калифорнија, па сака сега да покаже дека во него сè уште има доволно енергија и уште еднаш да го потврди епитетот „најдобар на сите времиња“. Сепак, ова му беше прв меч по Австралија опен, каде што играше одлично и стигна до финалето, па и тоа придонесе Ѓоковиќ да има потешкотии против Мајжак.

Дополнително, високите температури и тешките временски услови им создаваа проблеми на двајцата тенисери, па често им беа потребни подолги паузи за да ја продолжат играта.

Во еден момент многумина во публиката се изненадија кога Ѓоковиќ се повлече зад рекламните паноа, каде што поврати, пишува „Телеграф,рс“.

Публиката реагираше зачудено и загрижено, но набрзо се покажа дека со српскиот тенисер е сè во ред. По првиот сет во кој Мајжак пружи силен отпор, Ѓоковиќ во продолжението рутински стигна до победа и пласман во следното коло.

Во третото коло тој ќе игра против Американецот со српско потекло Александар Ковачевиќ