[ВИДЕО] Легенда на Јувентус му се поклони на Модриќ, па му порача: Со италијанската храна можеш да играш до 50 години

Дерби

10/03/2026

08:04

416

Големина на фонт

а а а

Лука Модриќ презентираше уште еден фудбалски мастерклас на средината на теренот на 40-годишна возраст, а бидејќи тоа го демонстрираше против најдобриот среден ред во лигата, неговото издание има уште поголемо значење.

Хрватскиот ветеран буквално го „изора“ теренот на „Сан Сиро“ на големото Дерби дела Мадонина и по натпреварот посебно се споделуваше неговата „топлинска мапа“ за движењето на теренот, но големо внимание во јавноста привлече и изјавата која ја доби од Алесандро Дел Пјеро.

Легендарниот Пинтурикио му се поклони на хрватскиот маестро и нагласи дека посебно е воодушевен од неговиот фудбалски ум и срцето кое го остава на теренот, па откако Лука му се придружи во студиото на теренот, му кажа и мала шега со која успеа да го насмее Хрватот.

– Со италијанската храна, ќе можеш да играш фудбал до 50 години….., – му порача Дел Пјеро на Модриќ, а претходно пред да се приклучи Хрватот, го кажа следново за него:

– Зборуваме за голем шампион, за човек кој има освоено се, но и натаму прави да бидам заљубен во него. Заљубен сум во неговиот фудбалски ум и во неговото срце. Тоа се два квалитети кои ги поседуваат само шампионите. Тој е лидер на Милан и хрватската репрезентарција, ја одведе својата земја до второ место на светот. Беше лидер и во Реал Мадрид и навистина е неверојатен, – изјави Дел Пјеро.