Турската актерка Дениз Дурмаз, покрај улогите во турските серии препознатлива е и по сличноста со Анџелина Џоли, па дури ја нарекуваат и нејзина двојничка.
Споделувајќи свои фотографии и снимки на социјалните мрежи, Дениз привлекла внимание, така што корисниците почнале да ја споредуваат со холивудската актерка Анџелина Џоли.
Имено, оваа 29-годишна актерка на Инстаграм споделила како изгледа нејзиното секојдневие за време на месецот Рамазан, а повеќето нејзини следбеници имале исто мислење.
„Анџелина Џоли, ти ли си?“, ја прашаа повеќето, а актерката шегувајќи се им порача дека е Џоли.
Следбениците ја советувале Дурмаз и да го провери потеклото и се пошегувале дека можеби е одамна изгубена сестра на позната актерка, но ја прогласиле и за „Анџелина Џоли за турскиот пазар“.
Со нејзината темна коса, светло зелени очи и полни усни, кои се заштитен знак на Анџелина, не е изненадување што турската актерка ја нарекле двојничка на Џоли.
Инаку Дурмаз е родена на 20 март 1996 година во Анкара. Позната е по улогите во сериите „Alin Yazim“ (2014), „Ikisini de Sevdim“ (2017) и „Sampiyon“ (2019).
Во последно време таа се фокусира на создавање содржини за социјалните мрежи, каде што секојдневно ја споделува својата дневна рутина, но следи и други популарни теми.