Светската ѕвезда се разведува по само 26 месеци: Првиот брак траел исто, сите се прашуваат што се случува

Точка

20/03/2025

21:48

3.986

Големина на фонт

а а а

Австралиската пејачка Сиа поднесе барање за развод од сопругот Ден Бернард по две години брак, пренесува Ти-ем-зи.

Како причина за разводот навела „непомирливи разлики“. Во судските документи до кои дошол Ти-ем-зи, откриена е и една изненадувачка информација – пред 11 месеци, Сиа и нејзиниот сопруг во тајност станале родители. Полот на детето не е познат, но му дале необично име – Самерсо Вондер.


Пејачката бара старателство над детето, но е подготвена да му дозволи право на посети на Бернард. Исто така, побарала нејзиниот сопруг да нема право на алиментација.


За бракот на добитничката на Греми не се знае многу, како ни за нејзиниот сопруг. Сиа го чува својот приватен живот далеку од очите на јавноста, но е познато дека свадбената церемонија се одржала во луксузната вила на дизајнерите Долче и Габана во Италија, со само шест гости.


Пред Бернард, Сиа беше во брак со Ерик Андерс Ланг. Тие се венчаа во 2014 година во Палм Спрингс, но се разведоа две години подоцна. Освен новороденчето, Сиа има и два посвоени сина, кои ги посвои во 2019 година кога имаа по 18 години.