"Mansory" го претстави својот најнов проект базиран на "Rolls-Royce Cullinan".
Кога станува збор за проектите на "Mansory", мислењата се поделени. Некои луѓе „мразат“ сè што ќе допре овој германски тјунер, додека други уживаат во неговиот „единствен спектакл“. Сепак, фактот дека компанијата опстојува јасно покажува дека има лојални клиенти, а нејзиниот најнов проект се темели на обновениот "Rolls-Royce Cullinan Series II". Во "Mansory" овој пат воопшто не се воздржувале, пишува "Klix.ba".
Наречен "Linea D’Arabo", овој уникатен модел има одредени сличности со друг "Cullinan" што "Mansory" го модифицираше пред една година, но овој нов проект оди уште подалеку и дефинитивно е еден од највпечатливите "Rolls-Royce" автомобили.
Возилото доби уникатен преден дел, вклучувајќи нови решетки со бакарни детали. Има и нови "LED" дневни светла, а фигурината "Spirit of Ecstasy" сега е во бронзена нијанса. Новиот хауба исто така е во иста боја, со додадени арапски букви.
"Mansory" одбра огромни 24-инчни фелни со кован дизајн, исто така со бакарна завршница. Овие бакарни детали се продолжени и на рачките од вратите, како и на рамките на страничните прозорци. Напред се додадени нови „лажни“ браници.
Задниот дел на овој "SUV" содржи голем фиксен спојлер кој се протега од покривот, како и мал спојлер во форма на усна поставен на вратата од багажникот. Исто така, во задниот дел има дифузер во иста бронзена нијанса како хаубата, со вградени арапски букви и нов централен издувен систем.
Внатрешноста исто така е трансформирана. Седиштата се обложени со кафена и црна кожа, шевовите се поразлични, а "Mansory" логото е осветлено. Но, тука не завршуваат модификациите. "Rolls-Royce" 6.75-литарскиот "twin-turbo V12" мотор сега испорачува 730 коњски сили и 1050 Nm вртежен момент. Тоа е доволно за овој "SUV" да забрза од 0 до 100 км/ч за 4.8 секунди и да достигне максимална, електронски ограничена брзина од 250 км/ч.
"Mansory Cullinan Linea D’Arabo" е токму она што може да се очекува од овој тјунер – впечатлив, екстравагантен и бескомпромисен.