[ВИДЕО] Во штала пронајдоа валкан „ѕвер“ што вреди ститици илјади евра: Кога ги отворија вратите, останаа во шок од глетката!

Точка

29/04/2026

14:49

1.607

Големина на фонт

а а а

Со малку реставраторска работа, овој „BMW M3“ брзо ќе биде подготвен за продажба.

Центарот на сензацијата е Шведска, а автомобилската легенда – „BMW M3 Sport Evolution (E30)“, максимално засилената верзија на познатата „коцка“ од Минхен. Снимката сè уште кружи на „YouTube“, кога во прашина беше пронајден вистински драгоцен примерок. И покрај дебелата „завеса“ од нечистотија, автомобилот е во изненадувачки добра состојба. Ентериерот е коректен, моторниот простор е чист и нема знаци на оштетување, а каросеријата е во добра состојба.

Со малку реставрација, овој „M3“ брзо ќе биде подготвен за продажба, наведува „Revija HAK“.

Серија од 505 примероци

Произведен во само 600 примероци, „Sport Evolution“ е третата најретка итерација на „M3“ купе моделот. „Evolution“ е направен во 505 примероци, додека 501 примерок од моделот „Evo II“ бил испорачан на купувачите. „Sport Evolution“ е меѓу најпосакуваните и најскапите „E30 M3“ модели. Примероци со мала километража можат да достигнат цена до 200.000 евра на јавна аукција.

По претставувањето на втората генерација на Серија 3 во 1980 година, „BMW“ четири години подоцна го претстави „M3“, а во 1990 година на пазарот пристигна унапредената, најмоќна верзија „Sport Evolution“ со 2,5-литарски четирицилиндричен бензинец и 238 коњски сили.


„BMW“ вреди богатство

Инаку, љубителите на „BMW“ Серија 3 „E30“ останаа без здив кога во Минхен, на една аукција минатата година, беше продаден „BMW M3 Sport Evolution“ од 1990 година за неверојатни 325.625 евра!

Со 2,5-литарски мотор и 238 КС, „M3 Sport Evo“ беше најмоќниот модел од Серија 3, хомологациона основа за „touring“ натпреварувања во Група А. Се произведуваше само од јануари до март 1990 година, а серијата беше ограничена на само 600 примероци.

Неверојатната цена е резултат на наддавање на аукцијата одржана на 18 октомври 2025 година во „Motorworld“ во Минхен, каде се продаваше колекција од 22 „BMW“ автомобили, вклучувајќи 19 „M“ модели.

Аукциската куќа „RM Sotheby’s“ ја процени вредноста на автомобилот на високи 200.000 до 250.000 евра. Сепак, жестокото наддавање ја крена цената до ниво од кое на љубителите на „E30“ моделот може да им се заврти во глава. Чеканот падна на 289.000 евра, на што се додава провизијата на аукциската куќа од 12,5 проценти, што во овој случај изнесува 36.181 евро.