[ВИДЕО] Кина го запре издавањето дозволи за роботакси по сериозен инцидент во Вухан

Точка

02/05/2026

10:23

429

Големина на фонт

а а а

Во инцидентот учествувале околу 200 автономни возила, при што дошло до неколку помали судири и сообраќајни застои, а патниците останале заглавени во возилата. Повредени нема.

Кина привремено го суспендираше издавањето нови дозволи за роботакси по инцидентот во кој околу 200 автономни возила на компанијата „Baidu“ застанале среде сообраќај во градот Вухан.

Проблемот настанал уште кон крајот на март, кога возилата од програмата „Baidu Apollo Go“ ненадејно биле запрени поради интерна команда на компанијата за собирање податоци, пишува „CarScoops“.

Поради тоа дошло до неколку помали судири и застои, додека патниците останале заглавени во возилата. Повредени лица нема.

По инцидентот, кинеските власти одржале состанок со најголемите компании што развиваат автономно управување и побарале детална проверка на системите и безбедносните процедури.

Иако нови дозволи во моментов не се издаваат, постојните роботакси сервиси продолжуваат да функционираат во градови како Пекинг, Шангај и Шенжен.

Кина е едно од најголемите пазари за автономни возила, а проценките велат дека до 2030 година на патиштата би можеле да има дури 500.000 роботакси возила.

Сепак, инцидентот во Вухан покажа колку еден технички проблем може значително да го забави развојот на целата индустрија.