[ВИДЕО] „Таа е измамничка“: Меган Маркл обвинета за лажирање активности со своите деца

Точка

20/03/2025

15:10

2.271

Големина на фонт

а а а

Многумина се убедени дека Меган Маркл го лажирала правењето на домашни вафли за своите деца за Денот на Свети Патрик. Откако на социјалните мрежи објави видеа на кои наводно прави појадок, многумина забележаа дека Меган не ги послужила истите вафли кои ги правела.

Имено, во понеделникот, војвотката од Сасекс објави видеа на нејзиниот Инстаграм како меша зелена смеса во сад и потоа ја истура во машина за вафли.

Специјалниот уред за вафли што таа го користела, има калапи кои ја делат вафлата на четири дела.

Сепак, внимателните корисници на интернет забележале дека вафлите што Маркл наводно им ги послужила на принцот Арчи (5) и на принцезата Лилибет (3) се тркалезни, и не се истите што таа ги подготвувала.

„За децата …“ напиша таа во описот на фотографијата со зелена вафла, украсена со парче киви, боровинка и шлаг.

Оваа објава предизвика шпекулации меѓу следбениците дали Маркл навистина сама ги правела вафлите за своите деца.

„Опсесивната потреба на Меган Маркл да лаже за сè е едноставно зачудувачка – дури и кога станува збор за нешто толку тривијално како вафлите. Таа објави видео на кое користи вафли со прегради, а „домашната“ вафла што ја покажа изгледа точно како онаа што се продава во продавница“, „Таа не ги направи свежи за децата. Користела замрзнати вафли“, „Зошто е тоа важно? Затоа што во нејзиниот пост пишува дека направила сè. Таа е тотален манипулатор и лажго. Во сè“, „Ја забележав разликата веднаш кога го гледав видеото. Не можев да разберам зошто некој би лажел за вафли. Каква личност би требало да бидеш“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.