[ФОТО] Објавена фотографија од маска за "iPhone 17 Air"

Точка

20/03/2025

15:22

2.718

Големина на фонт

а а а

Познатиот технолошки инфлуенсер Сони Диксон сподели фотографија за која тврди дека го прикажува првиот поглед на заштитната маска за "Apple iPhone 17 Air".

Диксон наведува дека многумина, доколку не знаеле дека станува збор за "Air" моделот, би помислиле дека маската е наменета за "Google Pixel".

Фотографијата покажува дека "iPhone 17 Air" веројатно ќе има нов дизајн на камерата со хоризонтална лента која ќе се протега по целата ширина на задната страна, што потсетува на дизајнот на "Google Pixel" уредите.

Се очекува оваа лента да содржи една камера на левата страна и блиц на десната.

Рендерите покажуваат дека "iPhone 17 Air" ќе има елегантен и минималистички дизајн со ултра-тенок профил од само 5.5 mm.

Иако изгледот ќе биде едноставен, уредот ќе има "MagSafe", "Action" копче и "Camera Control" копче, што се потврдува преку исечоците на маската.


"iPhone 17 Air" ќе биде опремен со екран од 6.6 инчи со "120 Hz ProMotion" технологија, "Dynamic Island", "A19" чип и "Apple C1" модем. Како и секогаш, "Apple" ќе ја претстави новата линија средината на септември.