Румер Вилис, 36-годишната ќерка на Брус Вилис, одговарала на прашања на нејзините следбеници на Инстаграм.
Еден од нив ја прашал како е нејзиниот татко, кому претходно му била дијагностицирана афазија и фронтотемпорална деменција.
„Тој е одлично, благодарам што прашавте“, кратко рече Румер. Таа додаде дека Брус денес го слави својот 70-ти роденден и ги повика следбениците по тој повод да му посакаат сè најдобро.
Што е фронтотемпорална деменција?
Тоа е редок вид на деменција што предизвикува проблеми со однесувањето и говорот. Понекогаш се нарекува Пикова болест или деменција на фронталниот лобус. Првите видливи симптоми се промени во личноста и однесувањето и тешкотии во говорот. Овој тип на деменција влијае на фронталниот и темпоралниот лобус на мозокот, каде што се јавува оштетување поради болеста. Не е познато што ја предизвикува, но често има генетска компонента.
Покрај тим лекари, за Вилис се грижи и неговата сопруга Ема Хеминг, поранешната сопруга Деми Мур и ќерките Румер, Скаут и Талула.
Еден од најуспешните актери
Брус е американски актер и пејач роден на 19 март 1955 година. Тој се најде во центарот на вниманието во доцните 1980-ти како главен и спореден холивудски актер, особено познат по неговата улога како Џон Меклејн во серијалот „Умри машки“.
Вилис беше во брак со Деми Мур, а пред разводот во 2000 година, тие добија три ќерки. По разводот тие останаа во добри односи. Вилис има издадено неколку албуми и се појавил во неколку телевизиски серии. Тој глумел во над шеесет филмови, вклучувајќи ги „Pulp Fiction“, „Sin City“, „Unbreakable“, „Armageddon“ и „The Sixth Sense“.
Филмовите во кои тој глумел заработија помеѓу 2,55 и 3,04 милијарди долари само на северноамериканскиот боксофис, што го прави шести водечки актер со најголема заработка, односно осми кога ќе се земат предвид споредните улоги. Во текот на својата кариера, тој освои многу награди и јавно ја изрази неговата поддршка за војската на САД.