И на Милан „преку глава“ им е од петтиот најскап играч во историјата на фудбалот

Макфакс

18/03/2025

10:38

663

Големина на фонт

а а а

Жоао Феликс (25), петтиот најскап фудбалер во историјата се соочува со нови проблеми во кариерата. Фабрицио Романо пишува дека Милан нема намера да го откупи од Челзи на крајот од оваа сезона. Тоа значи дека офанзивниот играч за врска летово ќе се врати во Лондон. Милан плати 5,5 милиони евра за неговата позајмица, а тој има девет настапи, на кои забележа гол и асистенција за Милан откако дојде во клубот.

Феликс ја започна својата кариера во младинскиот систем на Порто, но брзо се пресели во Бенфика, каде што стана еден од најдобрите млади играчи во Европа. Во 2019 година, тој се пресели во Атлетико Мадрид за клупски рекорд од сума од околу 127 милиони евра. Таа година ја доби наградата „Голден бој“ за најдобар млад играч во светот.

Неговата кариера во Атлетико не беше успешна како што се очекуваше. По сезоната 2020/21, во која заедно со Луис Суарез беше еден од клучните играчи за освојување на титулата во Ла Лига, неговите перформанси почнаа да опаѓаат.

Во јануари 2023 година, тој беше испратен на позајмица во Челзи, каде што дебитираше со црвен картон во поразот од Фулам.

Откако не успеа да се наметне во Челзи, Феликс се пресели во Барселона, кај Чави играше но најчесто како резерва, постигна неколку гола, вклучително и два против поранешниот клуб Атлетико. Тие голови бурно ги прослави и го навлече гневот на навивачите, кои јасно му порачаа на клубот дека не сакаат повеќе да го видат Португалецот на „Метрополитано“.

Некаде во финишот на преодниот рок, минатото лето, откако му истече позајмицата во Барселона, Атлетико успеа да го продаде во Челзи за околу 55 милиони евра.

Во јануари 2025 година, Феликс беше испратен на позајмица во Милан, каде што го имаше своето деби со гол во Купот на Италија против Рома. Феликс има 45 настапи за португалската репрезентација и има постигнато девет гола.

Сега неговата кариера е во криза и ќе мора да бара нов клуб. Додека беше во Атлетико, најчесто се пуишуваше за неговите несогласувања со тренерот Диего Симеоне. Најчесто дека Феликс не сака да игра одбрана, но не успеа да се наметне и кај други тренери, Чави во Барселона, Маурисио Покетино и Енцо Мареска во Челси и сега кај Сержо Консеисао во Милан.