Николо Фаџоли после 11 години го напушти Јувентус и со тешко срце се пресели во редовите на Фиорентина, но судбината посака да го одигра најдобриот меч за „виолетовите“ токму против својот поранешен клуб.
Младиот играч за врска запиша две асистенции во уверливата победа од 3:0 која ја запиша Фиорентина изминатиот викенд, а бидејќи стануваше збор за натпервар кој разбуди посебни емоции кај Фаџоли, навистина интересно е да се слушне неговата изјава.
– Кога дојде време за заминување, си го вратив животот наназад. Минав 11 години во Јувентус и кога донесов одлука да си заминам во декември, ми дојде полесно.
– Сепак, кога дојде вистинско време за разделба, почнав да плачам. Тоа ме погоди навистина доста, почнав да плачам иако не бев свесен за тоа. Тој ден сфатив дека завршува една голема фаза во мојот живот, си одев од местото кое го сакав и беше малку трауматично.
– Фиорентина ме пречека со отворени раце и ми падна товар од градите. Заминувањето од Торино направи да ја оставам зад себе детската фаза од кариерата. Не е лесно да се носи дресот на Јуве, тоа има посебна тежина, но горд сум што бев дел од таков клуб, – потенцира Фаџоли.