Војчех Шчесни доживува неочекувана „втора младост“ во редовите на Барселона, и тоа откако самиот реши да замине во пензија по крајот на минатата сезона.
Полјакот буквално мораше да ја прекинува пензијата за да се реактивира и да потпише за Барселона, па иако во прв момент се доби впечаток дека ќе биде резервна варијанта, од стартот на 2025-та година тој е незаменлив на голот на каталонците.
На 16 натпревари за првиот тим, Шчесни има биланс од 14 победи и 2 реми пресметки, а тоа ги натера дел од новинарите да заклучуваат дека непоразениот Полјак почесто има проблеми на тренинзите со своите соиграчи, отколку со противниците на теренот.
При проследното интервју кое го одработи, Шчесни доби за задача да ги избере тројцата соиграчи кои му создаваат најмногу главоболки, па иако прво се пошегува за тројцата стопери, потоа одговори посериозно.
– Јамал, Пабло Торе и Дани Олмо, – одговори Шчесни и дефинитивно изненади со изборот.
Wojciech Szczęsny's answers will surprise you 😂 pic.twitter.com/wA0DwkM1oe
— ESPN FC (@ESPNFC) March 18, 2025