Играч на Јунајтед: Тен Хаг вршеше многу добра работа во Манчестер

Дерби

19/03/2025

12:16

808

Големина на фонт

а а а

Расмус Хојлунд при враќањето во родната Данска им откри на домашните новинари дека најголема поддршка во Манчестер Јунајтед му е Питер Шмајхел, но при отвореното обраќање за својата авантура во Англија, напаѓачот открил и кој бил клучен за неговиот трансфер на „Олд Трафорд“.

Хојлунд во неделата прекина една ужасна црна серија која траеше повеќе од три месеци и конечно постигна гол, па сега останува да се види дали ќе успее да ја поправи формата до крајот на сезоната, што би му обезбедило многу полесни и подобри подготовки за тоа што следи.

Манчестер Јунајтед се очекува да направи голем ремонт во тимот во летниот преоден рок, а како што стојат работите, Хојлунд ќе треба да се избори за место во замислите на Рубен Аморим.

– Фокусиран сум на работите кои Аморим ги бара од мене, неговиот проект е неверојатно возбудлив, но не треба да се крие дека Ерик Тен Хаг беше една од главните причини поради кои завршив во Манчестер Јунајтед.

– Ерик вршеше одлична работа во Јунајтед, тој е талентиран тренер, но работите не излегоа онака како што сакаше. И покрај тоа, јас сум многу среќен што се уште сум во Јунајтед, тоа е клубот за кој сонував да играм. Среќен сум и од соработката со Аморим, тој е навистина пријатна личност, ми се допаѓа неговиот карактер, – открива Хојлунд.