Челси е заинтересиран за трансфер на голманот на Рома, Миле Свилар. Во тековната сезона, Роберт Санчез и Филип Јоргенсен ротираат меѓу стативите на „сините“, додека минатата сезона во клубот беше и Ѓорѓе Петровиќ. Шпанскиот стручњак не е воодушевен од споменатите двајца, додека Србинот го испрати на позајмица во Стразбур.
Миле Свилар има 25 години, а на 28 натпревари во Серија А оваа сезона, 11 пати ја сочува мрежата и се наметна како еден од најдобрите голмани во лигата.
Рома му понуди нов договор и тоа се сметаше за завршена работа, но поранешниот играч на Андерлехт и Бенфика побара плата од 4.000.000 евра по сезона.
Челниците“ на Рома сметаат дека ова е нереално барање, па затоа Челзи би можел да ги искористи замрзнатите преговори. Покрај лондонскиот клуб, за услугите на Свилар се заинтересирани и Баерн и Монако, кои внимателно го следат развојот на настаните.