[ФОТО] Том Круз повторно „фатен“ со 26 години помладата Кубанка – Забележани на лондонскиот хелиодром

Точка

17/03/2025

20:16

2.504

Големина на фонт

а а а

Том Круз (62) и Ана де Армас (36) повторно беа забележани заедно, а биле фотографирани на лондонскиот хелиодром откако претходно биле снимени заедно за Денот на вљубените.

Ѕвездата на „Top Gun“ и актерката од филмот „Blonde“ биле фотографирани заедно откако во петокот со хеликоптер пристигнале на лондонскиот хелиодром. Двајцата изгледале расположени, а Круз бил фотографиран како разговара со членовите на екипажот, додека покрај него стоела Ана со насмевка на лицето.

Ова појавување на актерската двојка доаѓа откако поминале заедничка ноќ во Лондон на Денот на вљубените.




Тогаш, Круз и Де Армас биле фотографирани како го напуштаат ресторанот со ќеси со храна. Извор за „People“ рекол дека тие двајца се само пријатели пред повторно да бидат забележани заедно.

Де Армас претходно го спомна Круз во интервју за „USA Today“, а актерката рекла дека ја инспирираат неговите акробации од филмовите.



„Сè уште не сум на нивото на Том Круз, но сега 100 отсто го ценам тоа што го прави. Тој е генијален“, рекла таа.

Инаку актерот беше во брак три пати: со Мими Роџерс, Никол Кидман и Кејти Холмс. Медиумите претходно ја поврзуваа Ана со кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел.