Томас Тухел денеска го објави првиот список како англиски селектор и очекувано привлече многу внимание со својот избор.
Англиската фудбалска јавност со нетрпение го очекуваше првиот избор на новиот селектор на „трите лава“, а во него се најде Маркус Рашфорд, кој се враќа во националниот тим по пауза од една година.
Новиот член на Астон Вила си обезбеди место во репрезентацијата, нешто што важи и за Џордан Хендерсон, додека прв повик добија Ден Брн од Њукасл и Мајлс Луис-Скели од Арсенал.
Најразочаран може да биде Џек Грилиш од Манчестер Сити, кој не се најде на списокот на Тухел за дуелите со Летонија и Албанија.
It’s time to reveal Thomas Tuchel’s first #ThreeLions squad! 👀🏴
— England (@England) March 14, 2025